Невреме со пороен дожд доаѓа кон скопскиот регион

Кон скопскиот регион за околу половина час се очекува да наиде нестабилна возудушна маса со интензивен пороен дожд, грмежи силен ветер и електрични празнења, локално и во форма на невреме, соопшти УХМР.

Управата за хидрометеоролошки работи попладнево соопшти дека нестабилна воздушна маса доаѓа од албанското подрачје и се придвижува кон Македонија.

Нестабилна облачност има во југозападниот дел од државата и зафатени се охридско-струшкиот и дебарскиот регион. УХРМ најави невреме со интензивен дожд, грмежи, појава на град и силен ветер и во шарпланискиот регион.

Кон крајот на денот и во вечерните часови се очекува нестабилното време да ја зафати целата држава.