Неверните мажи и жени откриваат како да го одржувате бракот и аферите и кога е идеално време за таен љубовен состанок

Кога ќе се решат на неверство, прељубниците мораат да имаат јасно развиена стратегија и правила за нивната афера да остане неотркиена.

Агенцијата за онлајн запознавање „Ешли Медисон“, спровела истражување меѓу луѓето кои изневеруваат.

1600 членови одговарале на прашањата поврзани со партнерот со кој изневеруваат, кога се слушаат со нив и кога одат на состанок.

Според податоците од истражувањето, прељубниците мислат на нивните љубовници веднаш штом се разбудат и ги контактираат многу често за време на работното време.

Повеќе од две третини од љубовниците, се во брак преку 10 години, додека 44% од нив изјавиле дека имале афера која траела една година или помалку. Повеќето од луѓето кои имале љубовник или љубовничка, изјавиле дека најчесто ги контактирале преку текстуални пораки.

Интересно е тоа што 47% од нив рекле дека често се во контакт со личноста со која имаат афера и дека се слушаат еднаш до два пати дневно, додека 42% од нив толку пати ги контактираат и брачните другари. Податоците пкажале дека повеќе од половина прељубници прекинуваат со својата работа за да им се јават на своите љубовници, додека 73% тоа не би го направиле за брачните другари.

Голем број од прељубниците рекле дека имаат афера, но сакаат да останат во брак. Иакоживеат среќен семеен живот со брачните другари, им недостасува нешто на страна, за да ја комплетираат сликата. За некој тоа е секс, а за некој само помисла и потврда дека му се сексуално привлечни на некому.

Иако ноќта за многумина е идеално време да се видат со својот љубовник или љубовничка, многумина изјавиле дека обично чекаат да помине 21 часот за таен состанок.