Немојте да им ги рушите соништата на вашите деца

Иронично, но вистинито, никој не може да ги уништи децата повеќе од нивните родители, најчесто поради нивната претерана љубов и грижа.

Самодовербата е она што им дава храброст на децата да го истражуваат светот, да прифатат нови непознати предизвици и притоа да веруваат во самите себе и својата сила.

Со кои грешки ја уништуваме или премногу ја храниме самодовербата на децата?

Критикување на детето

Кога ги критикуваме децата, многу лесно, а сепак ненамерно, го правиме тоа критикувајќи ги и нив како личности. Кога им кажеме дека не разочарале, ги рушиме коцките на нивната самодоверба, а со тоа и волјата и желбата да се соочат со нови предизвици. И така малку по малку, ја врзуваме нивната личност со успесите и неуспесите, а тоа не е добар темел.

Премногу фалење

Наспроти критикувањето, имаме и друга крајност: премногу фалење. Иако пофалбите ја хранат самодовербата, важно е да се знае и кога да се користат. Како и кај критиките, фалете ги конкретните постапки на детето и нивниот труд, наместо општи реченици со кои обично ги фалиме нивните карактеристики

Контролирање на животот на детето

Дозволете им да ги пронајдат своите интереси и потоа бескрајно поддржувајте ги во тоа

Кога правиме нешто наместо детето

Иако возрасните веројатно можат да направат многу работи побрзо и подобро од децата, сепак не се работи за брзината, ниту квалитетот. Ако им дозволиме на децата да го прават тоа побавно и со по некоја грешка, тогаш им даваме можност да ја развиваат својата независност, да учат да решаваат проблеми и да размислуваат со својата глава, но и да се носат со фрустрациите и да ја развиваат упорноста во моментите кога нема да успеат од прва да направат нешто. А ние возрасните, понекогаш од нив можеме да научиме нови начини на размислување.

Стремеж кон совршенството

Поставувањето на високи очекувања може да има сосема спротивно дејство од посакуваното Децата можат да бидат под стрес и да се плашат да не не разочараат, а таквата состојба сигурно не е плодоносна за развој и учење.

Занемарување на комуникацијата

Активно слушање на тоа што го зборуваат без да ги прекинуваме, им помага на децата да сфатат дека се важни и дека нивните желби, чувства, потреби и мислења се важни.

Споредување со други деца

Ова е сигурно една од првите и најлоши грешки во рушењето на самодовербата, а родителите го прават уште додека детето се уште е во пелени. Не е важно дали ги споредуваме децата со други деца или дури и со самите нас кога сме биле на тие години, едноставно детето тоа ќе го доживее како порака дека не е доволно добро. Ниту еден човек не е ист со другите, па затоа споредувањата немаат смисла, ниту пак носат нешто добро.

Изразување на сопствениот недостаток на самодоверба

Добар начин за поттикнување на развојот на самодовербата кај детето  е самите да бидеме добар пример. Затоа зборувајте позитивно за самите себе и бидете модел кој ќе ги научи на сочувство, љубезност и самодоверба.