Немојте да бидете наивни: Ова се знаци дека партнерот ве изневерува

Не е воопшто лесно кога некој ќе ви „набие рогови“, но не е лесно ни тоа да се прифати. Сепак, подобро е со помош на овие сигнали да го откриете тоа на време отколку да живеете во лага.

Гај Луцијен открива дека, сега веќе неговата поранешна девојка, го изневерувала. Овој човек со скршено срце врз основа на ова многу лошо искуство одлучил со сите да сподели неколку совети за да сфатите кои се знаците дека партнерот ве изневерува.

Тој откил дека неговата девојка го изневерува кога веќе живееле заедно.

„Отсекогаш знаев дека паралелно со изневерувањето се случуваат уште некои работи кои укажуваат на тоа, но бев малку скептичен. Секогаш ги анализирам сите ситуации, а овие знаци ми укажаа на неверството“, вели Гај.

Ова е неговата формула за тоа како да препознаете дали партнерот ве изневерува:

» Сè помалку е заинтересиран за секс.

» Станува генерално незаинтересиран за вас.

» Секогаш сака да знае кога ќе бидете дома.

» Претерано го користи мобилниот телефон и се крие во друга соба кога прави некои повици.

» Се обидува вас да ве обвини за сè.

Гај вели дека кога првиот пат се посомневал дека девојката го изневерува, обрнал внимание на нејзиното однесување. „Еден ден намерно започнав расправија со неа, знаејќи дека ќе си замине. Но, ме интересираше каде ќе замине. Имавме сериозна вербална расправија, а таа замина – кај него. Го следев нејзиниот автомобил. Подоцна и` се јавив и ја прашав каде е и ми рече дека е кај нејзината мајка. Тогаш со сигурност знаев дека ме изневерува“, е искрен овој маж.