Немам пари, а и не ми се оди на работа

-Некако е полесно кога ќе си спиеш до пладне, кога дома се е средно и чисто, кога фрижидерот е полн, кога мама ќе направи јадење, кога тато ќе дава пари за излегување и за одмор... 

Секој чест на исклучоците, но младината денеска не сака да работи било што. Сите знаеме дека е тешко да се дојде до добро работно место и до солидна плата, па затоа често патот до таму знае да биде многу трнлив. 

Некои по школувањето се одлучуваат да седат дома и да чекаат да најдат работа според струката, а некои прифаќаат да работат и било што. 

-  Јас сум дипломиран професор по одделенска настава. Завршив пред пет години. Никогаш не најдов работа во струката. Седев една година дома, не ми се работеше ништо друго. Чекав од моите да ми дадат за основните потреби. Но, веќе ми стана досадно да седам сама дома и пред се ми беше срам постојано да барам пари, па почнав да работам како келнерка. Не велам дека е добро, но имам за мои потреби, вели Мила од Скопје. 

- Ќе чекам да најдам работа како економист. Јас затоа сум учел, и друго никогаш нема да работам. До тогаш ќе ме издржуваат моите, исто како и досега, вели Иван. 

Во декојдневието сведоци сме дека ладите постојано се жалат дека немаат пари за покривање на основните потреби во текот на еден месец. Но реалноста е сосема поинаква.
 
- Во кафебар одам скоро секој ден некогаш и два пати зависи од финансиските средства колку ги имам на располагање но сепак се изнаоѓа решение, вели Никола. 

За да се овозможи ова задоволство потребно е најмалку илјада и петстотини денари. А со овие финансиски средства може без проблем да се купи парче гардероба и ќе може да се користи подолго време. Па затоа тие постојано од своите родители постојано бараат одредена сума на пари.
 
Младите многу често зависат од родителите поради тоа што секој млад човек не сака да најде работа, и да работи било што.

-Јас сум мајка на две деца. Син ми се уште студира, а ќерка ми заврши пред три години. Заврши правен факултет. Не сака да работи било што, односно не сака ништо. Јас работам и земам 15.000 плата. Мојата плата речиси оди за неа. Постојано излегува, купува гардероба, козметика... И наоѓав неколку пати работа во бутик, во книжара, во пекара, но таа не сака, вели Вале од Скопје.