Нема смисла да се жртвувате за луѓе кои за вас не би направиле ништо

Животот самиот по себе е многу контрадикторен. Чудно е како нѐ привлекуваат луѓе кои нѐ повредиле, личности за кои би направиле сѐ, иако сме добиле многу удари од нив. Некогаш нашиот однос е условен со некои одредени улоги кои нѐ врзуваат за нив за одредено време. 

Но, ситуацијата станува чудна кога нѐ привлекуваат луѓе кои нѐ повредиле, а кон кои немаме никакви обврски, како да постои нешто во нас кое длабоко нѐ врзува за нив. Мисла која често ни се провлекува низ глава во такви моменти е: „Можеби овојпат ќе биде различно“ или „Ќе се промени“. И тоа обично е самозалажување. Ако некој еднаш ве повредил, голема е веројатноста дека тоа ќе го направи повторно. 

Чудно е како многумина се уверуваат себеси и другите дека научиле нешто од своите грешки, а потоа повторно ги повторуваат истите грешки. Сето тоа кажува дека не можете мирно да стоите и да не преземате ништо. Слободно признајте си себеси дека овојпат нема ништо да биде поразлично и дека не можете никого да промените. Бидете свесни дека секој од нас си поставува поинаков редослед на приоритети. Тоа што некој за вас е приоритет, не значи дека вие ќе им бидете на нив. Признајте го тоа, сето останато се само заблуди.

Емотивната повреденост е многу покомплицирана од физичката, таа може долго да трае и до недоглед да се повторува без да сфатите дека морате да се заштитите. Нема смисла да се жртвувате за луѓе кои за вас не би направиле ништо. Со таквото толерирање највеќе си одмогнувате самите на себе. Бидете свесни за својата вредност и не дозволувајте ништо да ја компромитра.

Ако не преземете ништо, немате право да се жалите дека имате несреќен живот!