Нема повредени во пожарот во столарската работилница во Шишево

Нема повредени лица во пожарот којшто изби утринава во столарска работилница во селото Шишево.

Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје за МИА изјавија дека се уште е активен пожарот и оти се интервенира со шест возила и 15 пожарникари. Побарана е и помош од Комунална хигиена за дотур на вода.

Материјалната штета допрва ќе се утврдува.