Нема полиција, ЈСП со апел да не се паркира на патот за Водно

Аапелираме до сите граѓани кои планираат да го посетат Водно со автомобил, да се паркираат прописно на обележаните паркинг места, како возилата на ЈСП Скопје би стасувале непречено до крајната станица на Средно Водно, соопшти ЈСП.

– Токму поради несовесните граѓани, а во недостиг на сообраќајната полиција, возилата на ЈСП Скопје (од линиите 25, 25А и 25Б) изминатата сабота сообраќаа со големо задоцнување, дел воопшто не можеа да стасаат до станицата на Средно Водно, некои возила беа приморани патниците да ги оставаат на среде улица, а три поаѓања воопшто не се реализираа.

За да се избегнат овие ситуации и викендов што претстои, апелираме на поголема совесност кај дел од граѓаните, како и на толерантност од страна на патниците доколку застоите се повторат и викендов, имајќи во предвид дека возачите на ЈСП Скопје се приморани да реагираат согласно условите на терен.

Истовремено, потсетуваме дека возењето со линиите 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25 Б (Дом на печат-Средно Водно) е бесплатно за сите категории на патници за време на викенди и државни празници.

new nike air max 2019