На банкомат во скопски Аеродром по пријава од граѓанин полицијата открила нелегално поставени тастатура и скенинг детектор.

Вчера околу 13:00 часот во Единицата за информации и команда Скопје, граѓанин пријавил дека при вадење на картичка од банкомат на банка на бул. „Видое Смилевски Бато“ во Скопје забележал дека на банкоматот се вградени двојна тастатура и двоен скенинг детектор.

Од претставник на банката било потврдено дека се работи за додатоци кои се нелегално поставени.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот