„Некст Тајм“ ја преработија „Јовка Кумановка“

Дуото Некст Тајм во чест на 500-годишнината од постоењето на Куманово ја преработи песната „Јовка Кумановка“, а синоќа истата и официјално беше претставена со видео запис во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, во чест Денот на македонското востание – „11 Октомври“.

Станува збор за уште една одлична преработка на стара македонска песна. Овој пат изборот падна на „Прошета се Јовка кумановка“, која имате прилика да ја слушнете во едно ново и поинакво руво.