Неколку улици денеска без вода

Водовод ве известува дека на ден 18.12.2017 г, поради промена на шибер ф-100мм, на Виктор Иго 6, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Виктор Иго, Невена Георгиева Дуња, Емил Зола, Балзакова и Дренак. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување.

Воедно поради уличен дефект ф-150мм на ул.3 бр.21 с.Рашче, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од с.Рашче. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување.

Од претпријатието информираат дека завршена е најавената промена на шибер вентил, на Бул.Кочо Рацин 17, во населба Центар и водоснабдувањето е нормализирано.