Неколку начини преку кои вашето куче ви покажува дека ве сака

Научниците го истражувале однесувањето на кучињата и дошле до заклучокот дека ако вашето куче покажува некои од овие знаци, тоа всушност ви кажува дека ве сака.

Сака да ве лиже!

Кучињата веднаш чувствуваат кога некој ги сака. Доколку ги сакате, тие ќе возвратат на вашата љубов и тоа баш на овој начин.

Кога полека си заминувате, тие стојат и ве гледаат

Доколку вашето куче покажува нервоза секојпат кога ќе се подготвувате да излезете од дома, со тоа покажува страв дека ќе ве изгуби. Меѓутоа, доколку стои мирно и ве набљудува додека се подготвувате да излезете, сфаќа дека ќе се вратите. Доверба на највисоко ниво.

Се избезумува кога ќе си дојдете дома

Ве очекува, со високо крената опашка која брзо се мрда и со омилената играчка во уста? Вашето куче само сака да ви каже дека многу сте му недостасувале и дека многу ве сака!

Се гали после јадење

Доколку е расположено за галење и игра после јадење, тоа значи да оброкот му се допаднал и дека е благодарен! (или благодарна)

Ве гледа право во очи!

Спие во вашиот кревет!

Нема поголем показател за љубов и верност.

Ви ја носи својата омилена играчка!

Ова не мора да значи дека сака да си игра, туку дека ви кажува дека многу ви верува. Со тоа што ви ја дава својата омилена играчка, тоа сака да ви порача дека вие сте му најдобар пријател на светот.