Некој го сечел дрвото два-три часа а градот сега само апелира!

Изминатиот викенд пред деловниот објект „Мавровка“ од непознат сторител е исечено едно здраво драво. Крстосницата кај Судска палата е една од најзагадените точки во градот, а дрвото е исечено без одобрение од надлежните градски служби. Градските инспектори за животна средина го истражуваат случајот и сторителот ќе биде казнет.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини.