Некои луѓе почнуваат да ве сакаат дури откако ќе престанете да ги сакате

Некои луѓе не ве ценат, сѐ додека не си заминете. Кога ќе престанете да им давате поддршка, која ја прифаќале како должност, кога повеќе нема да им пишувате убави пораки кои ги игнорирале, кога повеќе нема да ги ширите рацете секојпат кога ќе ви тропнат на врата и кога ќе престанете да го чекате нивниот повик.

Некои луѓе не сфаќаат колку силно сте ги сакале, сѐ додека не сфатат дека не можат да најдат некој друг кој ќе ги сака онака како што сте ги сакале вие. Кога не можат да најдат некој кој ќе ги сака онакви какви што сте. Некои луѓе ќе се обидат да го привлечат вашето внимание дури откако ќе престанете да им го давате вашето внимание. Кога ќе престанете да им кажувате колку ги сакате. Кога ќе престанете да им подарувате ситници и кога ќе престанете да им помагате.

Некои луѓе ќе се обидат да ве освојат дури откако ќе ве изгубат. Кога ќе сфатат дека имате и други избори, кога ќе сфатат дека некој друг ќе се однесува подобро кон вас, кога ќе сфатат колку биле себични. На некои луѓе ќе почнете да им недостасувате, дури откако ќе ги заборавите. Кога ќе престанете да им честитате роденден, кога ќе ја заборавите нивната омилена песна, нивните тајни, кога ќе ги отфрлите сите спомени. Кога ќе заборавите какви чувства предизвикувале во вас.

Некои луѓе ќе почнат да ве почитуваат дури откако ќе си заминете. Кога ќе сфатат дека сте се жртвувале поради нив, кога ќе сфатат колку пати сте оделе против себе, колку пати сте им попуштале, кога ќе сфатат колку пати сте им простувале. Кога ќе сфатат дека сте си заминале, затоа што ви дошло преку глава од сѐ.

Некои луѓе ќе почнат да ве сакаат, дури откако ќе престанете да ги сакате. Кога повеќе нема да ви недостасува нивниот допир и звукот на нивниот глас. Кога ќе видат дека сте се промениле и дека повеќе не ги гледате како некогаш. Кога повеќе нема да мислите на нив пред спиење. Кога конечо ќе бидат подготвени да ви го отворат своето срце, откако веќе го скршиле вашето на милион парчиња.

Некои луѓе никогаш нема да ја добијат шансата повторно да ги сакате, затоа што вашето срце ќе им припаѓа на оние луѓе кои не мора да ве изгубат за да сфатат колку вредите.