Неделен календар на културни настани во Скопје

Понеделник 20.2.2017

МНТ

18.00/Разговори во четири очи

Автор: Ингмар Бергман
Режисер: Нина Николиќ
Адаптација на текстот: Тамара Барачков

Во претставата „Разговори во четири очи“ централниот лик на приказната, Ана Бергман, се соочува со сопствените избори и одлуки, со последиците од животот во мачниот брак, исполнет со тешкотии, со насилство, со чувство на вина и патење.

Играат:
Амернис Нокшиќи Јовановска, Нина Деан, Петре Арсовски, Дарја Ризова, Катина Иванова, Благој Веселинов и Дамјан Цветановски.

МКЦ

21.00/Да го поздравиш и да ми го бациш

Режија:
Билјана Радиноска
Играат:
Ненад Митевски
Наташа Петровиќ
Бојан Кирковски
Симона Спировска

Резервации на: 023115 225 ( билетара на МКЦ), или на bileti@mkc.mk.

Рок Кафана Рустикана 2.0

21.00/Неделна програма 

*Понеделник – Happy Monday со Natalija Danailova за среќен почеток на неделата Старт после 21:00

*Вторник – Heineken Tribute Tuesday. Heineken 0,5 по промо цена од 100 денари и музика исклучиво од еден артист во периодот од 21:00 – 00:00.

*Среда – Blues & Whiskey Wednesday. InThe Mood Blues Duo со најдобриот акустичен блуз перформанс во градот и 8 вида на виски по цена од 100 денари.

*Четврток – Кириличен рокенрол со Аудиоскопје после 21:30

*Петок
– Вино и Гитари од 17:00. Афтерворк со Jovan Kucinovski во соработка со Тиквеш.
– Класичен рокенрол со Ringroad со старт после 21:30

*Сабота
– Македонски евергрини со Lili Chilli од 15:00 и Burger Happy Hours од 14:00 – 18:00. 20% попуст на сите бургери во овој период.
– Кума и Црни акустично со старт после 21:30.

За инфо и резервации пишете ни во инбокс или свртете на 075 478 134.

Вторник 21.2.2017

МНТ

20.00/Животот на Молиер

Улоги:
Никола Ристановски – Жан-Батист Поклен де Молиер, познат драматург и автор
Сашка Димитровска – Медлен Бежар, актерка на де Молиер
Емил Рубен – Шарл-Вадле де Лагранж, актер со прекар „Регистар“, Отецот Вертоломеј, скитник – проповедник
Драгана Костадиновска – Луј Велики, кралот на Франција
Оливер Митковски – Жан Жан Бутон, згаснувач на свеќи и слуга на Молиер
Марија Новак – Мариета Ривал, актерка на Молиер
Нина Деан Гачиќ – Аманда Бежар, актерка на де Молиер
Игор Ангелов – Маркизот де Шарон, кариналот на град Париз
Дениз Абдула – Захарија Моарон, познат актер – љубовник
Никола Ацески – Маркизот де Орсињи, дуелант со прекар „Еднооки, помоли се!“

*Цената на билетот е 150 денари

Продолжува на наредната страна......

 

Среда 22.2.2017

Плоштад Македонија

[17.30] Критична маса #58: Деавтомобилизација

Секој човек на прво место е пешак, а потоа сè друго. И возачите до својот автомобил стигнуваат пеш. И оние кои користат автомобил не можат да стигнат како ЛУЃЕ до своето возило од премногу автомобили.
Автомобилите треба да бидат третирани како средство кое треба да им служи на луѓето, а не луѓето да бидат робови на автомобилите како единствено ефикасно превозно средство во Скопје!

Сакаме град кој нуди можности за движење на различни начини и кој нуди достоинствено движење за сите!
Не ни требаат нови ленти за коли, булевари без велосипедски патеки и зеленило…

Ни треба храбра и одлучна ДЕАВТОМОБИЛИЗАЦИЈА!

МНТ

20.00/Концерт на запознавање – иранска современа музика

Мигови со Професорите (Маестрата) на иранската современа оригинална музика

1. Професор Hamid Reza Noorbakhsh – пејач и директор на „Куќата на музиката на Иран“ (музичката академија на Иран), советник на заменик министерот за уметност во министертсвото за Култура на Иран.
Куќата на музиката на Иран има 5000 високи членови и 15.000 сериозни музичари од кои 500 Професори на Музиката а директор на Врховниот Совет е славниот Мохамад Реза Шаџариан.

2. Професор Ardeshir Kamkar, Композитор и музичар
3. Професор Behdad Babaei, музичар и најпознат изведувач на традиционалниот инструмент „Сетар“ во моментов во Иран.

Кинотека на Македонија

20.00/Swedish Films Are Back

Амбасада на Шведска во колаборација со Кинотека на Македонија Ве поканува на две проекции на филмот „We Are Best” на Lukas Moodysson, на 22 и 23.02.2017 година во 20 часот.

Влез слободен, а за резервации на 02/3065968.

Баду бар

21.30/Програма 22-25/02

Среда – #stirshakeroll со неверојатниот и секогаш разигран DJ Zoki Bejbe

Четврток- #waxination и патување помеѓу винил планетите со DJ Chvare

Сабота – #kukjnaslava Го славиме роденденот на Erykah Badu со Dj Goce.

Четврток 23.2.2017

МОБ

20.00/Тоска – Џакомо Пучини

Бисерот на оперската уметност, Тоска во изведба на солистите, хорот и оркестарот на МОБ.
Тоска е опера во три чина од Џакомо Пучини. Напишана е по италијанското либрето од Луиџи Илика и Џузепе Џакоза. Либретото се базира на драмата „Тоска“ од Викториен Сарду. Светската премиера на операта е одржана на 14 јануари 1900 г. во Рим, Италија.

Диригент: Џанлука Мартиненги
Режисер: Огњан Драганов (Бугарија)
Сценограф: Зоран Николовски
Костимограф: Марија Пупучевска
Хор–мајстор: Јасмина Ѓоргеска
Асс. Режисер: Дејан Прошев

Тоска: Валентина Бои (Италија)
Каварадоси: Валтер Фракаро (Италија)
Скарпија: Елиа Фабиан (Италија)
Анџелоти: Игор Дурловски
Клисар: Драган Ампов / Васко Здравков
Сполета: Никола Стојчевски
Шароне: Диме Петров
Клучар: Борко Биџовски
Овчарче: Александра Лазаревска-Василев

Македонска филхармонија

20.00/ Виолински бравурии

Диригент: Со Аватсуџи (Јапонија)
Солист: Сихана Бадивуку-виолина
Програма:
И. Пејовски: „Бескрајно сега“
M. Ravel: „Циганка“
C. Saint-Saens: Интродукција и рондо капричиозо
G. Bizet: Симфонија во C.

 МНТ

20.00/ Животот е прекрасен

„Ова не е претстава за самоубиството, не е пиеса за смртта, туки за еден човек кој повторно го открива животот, открива колку животот е прекрасен. Еден човек кој доаѓа до пеколот, за да разбере, всушност, дека животот е нешто многу драгоцено“ Претстава која ќе ве растажи и насмее до солзи!

*Слободен влез за студентите.

 С26

20.00/Red Hot Chili Peppers Real Tribute

Red Hot Chili Peppers Real Tribute е еден од најголемите европски tribute проекти на RHCP кој е специфичен по одличната енергија на бина, костимографијата која е најблизу до оргиналниот бенд и одличниот звук.

“Early Bird Tickets“ до 1 февруари по цена 200 мкд.

Петок 24.2.2017

Public Room

16.00/Lucky Friday

Вино, мезе, дружење, муабети, боса нова звуци ~
Вашата омилена сорта вино од Bovin, Traikovsky, Tikves Special Selection, Brzanov, Popov, Stobi на – 50%

Резервирајте си место за вашето друштво на 02 6092650, contact@publicroom.org или преку https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/lucky-friday-wxbUv.

МНТ

20.00/Свадбата на Фигаро

Автор: Пјер Бомарше
Режисер: Леван Цуладзе

Улоги:
Нино Леви – Грофот
Николина Кујача – Грофицата
Сашко Коцев – Фигаро
Сашка Димитровска– Сузана
Томе Витанов – Дон Бартоло
Марија Новак/Снежана Коневска – Руси – Марчелина
Драгана Костадиновска– Фанчета
Славиша Кајевски – Керубин
Ивица Димитријевиќ – Дон Гусман

*Цената на билетот е 300 денари

22.00/Showroom: M Jazz Session

Вечер во која M Jazz Sessions ги заживува евергрините на македонската џез/поп ера, од 50тите години до денес!

Шоу со незаборавни македонски мелодии интерпретирани од Ангела Силјановска- вокал, Филип Димишковски- клавијатура, Марко Василевски- контрабас, Виктор Филиповски- тапани.

https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/showroom-ivan-ivanov-quintet-xzFcF
02 609 2650
contact@publicroom.org

С26

22.30/Othersound #3 | Kate Simko & London Electronic Orchestra

За првпат во Македонија:
Kate Simko & London Electronic Orchestra
+ DJ Eddie Richards

Local Support:
Ilina Angelovska

Карти во претпродажба: 350 мкд

Карти на врата: 500 мкд 

Сабота 25.2.2017

МОБ

20.00/Рајмонда (Класичен балет) – Александар Глазунов

Настапуваат:
Рајмонда: Марија Кичевска Шокаровска
Жан де Бриен: Бобан Ковачевски
Абдурахман: Васил Чичијашвили (Грузија)
Бела Дама: Наташа Јосифовска
Учествува целиот балетски ансамбл и оркестарот на МОБ.

МКЦ

21.00/ Млади за Скопје #5 – Концерт на The Local Blue

– The Local Blue
The Local Blue се инструментален рок бенд од Скопје, Македонија. Формирани се во 2016та година. Во бендот свират Кристијан Новковски (тапани), Владимир Бичковски (бас) и Кристијан Савиќ (гитара). Инспирирани од Clutch, Ali Farka Touré, Jimi Hendrix, Rage Against the Machine и многу други андерграунд стонер и сајкеледик артисти, буквално ја трансфомираат цела енергија на сцена и не оставаат никој рамнодушен.

Карти во претпродажба (билетара МКЦ): 100 ден.
Карти на денот на концертот: 150 ден.

Public Room

21.00/Satuday

И последниот викенд од февруари се дружба со South Park!

Шизење со Светлана Јовановска- вокал, Виктор Николовски- вокал и бас, Благојче Пенов – тапани, Зоран Костадиновски -водечка гитара и Горјан Стојменовски – ритам гитара.

22.30/ Paco Osun

За прв пат во Скопје гостува еден од најреспектираните дј-и во моментов, шпанскиот супер стар дј, продуцент и техно великан:

Paco Osuna

www.pacoosuna.com

Домашна поддршка:
Nikofor
www.facebook.com/Dj.Nikifor

Влезници во претпродажба по супер промотивна цена за првите 500 влезници од 500 денари, а потоа 600 денари, во ПОЛА ЈУГОТОН иwww.kupikartizase.com продажните места низ целата земја.

Недела 26.2.2017

Public Room

11.00/Social Sunday

Поминете убаво и безгрижно социјално попладне со вашето семејство користејќи ја можноста за бесплатна анимација за најмладите краетивци со дрвените играчки од програмата на Melissa & Doug. Децата на возраст од 2 до 4 години ќе бидат воодушевени да научат како се подготвува појадок, како се отвораат и затвораат патенти, копчиња, рајбери…
Децата од 5 до 7 годиишна возраст ќе можат да ја развиваат сопствената слика со колекции на стикери и печати.

А родителите може да уживаат на каучите од прогрмата на „Просторија” и „Фејдом”.

Сите учесници се дел од наградна игра на која ќе можат да освојат дрвена играчка од програмата на Melissa & Doug!

МКЦ

20.00/Friends2Friends

Мотив за организирање на настанов беше пожарот кој се случи во Макотекс во кој изгореа инструментите и студиото на наши пријатели музичари. После оваа трагедија следеа и нови лоши изненадувања, именно имаше поплава во истата зграда која ги зафати и помошните простории за проби.

Со купување карта за овој фестивал од 100 ден. во претпродажба (200 ден. на врата) ќе им овозможите на музичарите да набават нова опрема и да продолжат да творат и да создаваат култура!
Настанот го поддржаа следните бендови:
1. Темпера
2. Mooger Fooger
3. Милко
4. Фолтин
5. Сетстат
6. Alter Vivo
7. Јаничари
8. Conquering Lion
Неизмерна поддршка дадоа и Младински Културен Центар!
Во фоајето на МКЦ за време на фестивалот ќе се организираат низа на забавни активности, а музика ќе пуштаат:
1. Dj Goce SAF
2. Toni Zen Official
3. DJ Chvare