Не запира развојот на Скопје - низа нови проекти во 2016 година

Буџетот на Град Скопје за 2016 година изнесува 6,9 милијарди денари, што претставува зголемување од 16 проценти во споредба со Буџетот на Град Скопје за 2015 година. Основниот буџет на Град Скопје за 2016 година изнесува 4.798.816.000 денари. Во него се предвидени капитални проекти во сите 10 општини на Градот Скопје и тоа:

Општина Сарај:

Реконструкција на главната улица Сарај и улици, сообраќајници во Глумово;

Општина Ѓорче Петров:

Продолжување на проектот за реконструкција и проширување на булевар Партизански одреди до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле”;

Продолжување на проектот за пробивање на тесните грла на улицата Борис Сарафов;

Реконструкција на дел од улицата Ѓорче Петров;

Општина Карпош:

Изградба на кружен тек кај Хубо Маркет, на бул. 8 Септември;

Изградба на фекална канализација на улица Московска по  должината на   булеварот Партизански одреди;

Општина Центар:

Проширување на дел од булеварот Тодор Александров;

Реконструкција на улица Кеј Димитар Влахов, како дел од плоштадот Пресвета Богородица;

Општина Кисела Вода:

Реализација на третата фаза од проектот за проширување и реконструкција на булевар Борис Трајковски на потегот од фабриката „Стакларница“ кон населбата Драчево;

Продолжување на булевар Србија до улица Христо Татарчев, каде што ќе се изгради голема кружна крстосница;

Реконструкција и проширување на улица Павел Шатев;

Изградба на улица Есенинова;

Реконструкција и одржување на улица Народни Херои;

Општина Аеродром

Завршување на втората фаза од проектот за проширување и за  реконструкција на булевар 3 Македонска бригада, на потегот од крстосницата со улицата Васко Карангелевски до улицата Никола Карев, делница долга 1.400 метри;

Проширување на булевар АСНОМ – Изградба на булевар АСНОМ во делот на Керамидница до новата сала Јане Сандански и изградба на дел од булевар АСНОМ од последна 5-ка кон куќите во Лисиче прва фаза;

Доизградба на новиот парк покрај последната автобуска станица број 5 и 15. Површината на паркот изнесува околу 10 хектари и се очекува да биде целосно уреден во првата половина од наредната година;

Општина Гази Баба

Завршување на првата фаза од проектот за проширување и реконструкција на улица Маџари;

Доизградба на кружниот тек помеѓу улиците „16. Македонска бригада и „Коце Металец“ во Гази Баба, на влезот во населбата Железара;

Проширување на булевар Александар Македонски од Агросервис до клучка Дијамант;

Реконструкција нa дел од улица Алија Авдовиќ;

Општина Чаир

Почеток на градежни работи за реконструкција и проширување на булевар Христијан Тодоровски Карпош во делот на Чаир;

Почеток на проектот за изградба на 4-та лента на булевар Никола Карев (Пластичарска);

Изградба на атмосферска канализација на улица Џон Кенеди и Кемал Ататурк;

Општина Бутел:

Започнување на проектот за пробивање на булевар Христијан Тодоровски Карпош и поврзување со обиколницата;

Реконструкција на дел од улица Александар Урдаревски;

Завршување на проектот за изградба на нова атмосферска канализација на Александар Урдаревски и Боца Иванова;

Општина Шуто Оризари

Завршување на новиот водовод во Шуто Оризари;