Не заборавајте на себеси - животот почнува кога ќе почнете да си угодувате себеси, а потоа на другите

Живееме брзо, често слушаме за смртта на млади луѓе и си велиме дека биле добри личности. Слушаме и за кавги, болести, лоши нешта кои ги натажуваат луѓето. Помислуваме дека животот е навистина краток. Само тогаш вистински го сфаќаме тоа. 

Го живееме поголемиот дел од животот, трудејќи се да им угодиме на сите околу себе. Мислиме дека така треба, така сме воспитани, но со тек на времето сфаќаме дека тоа навистина не гуши.  Се губиме себеси, веќе не сме свои, сите работи ги правиме за другите и влегуваме во затворен круг од кој како да нема излез. Минуваат денови, месеци и години и се уморуваме.

Не велиме дека не е добро да им се помага и угодува на другите. Но, кога ќе почнеме да си угодуваме себеси? Кога ќе почнеме да сфаќаме колку вистински им значиме на луѓето околу нас?

Ги забораваме своите чувства, своите ставови, забораваме на тоа што сакаме да го постигнеме бидејќи премногу сме фокусирани на другите. И, така сме несреќни.

Но, животот почнува кога ќе почнеме да го сфаќаме тоа. Во оној момент кога ќе почнеме да се почитуваме себеси, тогаш всушност и ќе бидеме почитувани од другите. Ќе помагаме, но прво ќе се прашаме себеси колку можеме и дали можеме. 

Да не забораваме на себеси во 2020.