Не заборавај дека сите ние некогаш сме биле деца...

Не заборавај дека сите ние некогаш сме биле деца

Чисти и невини деца, сакавме едноставно и безусловно.
Не знаевме за лошо, некој нѐ научи на тоа.
Исто како што ме научил мене, те научил тебе, татко ти и мајка ти.
Можеби затоа и сите се однесуваат така, затоа што никогаш не знаеле за подобро. 

Сите ние бевме невини деца...

Запрашај се сега што сакаш да му подариш на твоето дете?
Дали сакаш да се чувствува сакано, за и самото тоа да знае како да дава љубов?
Или сакаш заради тебе да се чувствува смалено, па потоа исто така да гази по други луѓе сметајќи дека тоа е во ред, учејќи го тоа од тебе?

Ти си неговиот идол, неговото срце.
Не го казнувај со удари и викање,
обиди се да му објасниш, задржи го својот мир.
Те молам. 

Ниту едно невино суштество не заслужило насилство.
Зарем не гледаш дека тоа не може само да се брани?
Зарем вие можевте да се браните кога бевте мали?

Сите ние бевме невини деца.

Ти го воспитуваш сега, одговорноста е твоја.
Секоја твоја постапка го формира како личност.
Дали сакаш да се мрази или да се сака себеси?

Зошто треба да живее во страв од некаква казна?
И така да порасне во личност која се плаши да ги изрази своите чувства.

Запомни, и вие некогаш сте биле деца.
Сите ние сме биле невини деца.
Па затоа обидете се да бидете добри учители.
Да им дадете поддршка и разбирање.

Љубовта е она што останува вечно и она што има најголема вредност, особено кога тебе ќе те нема повеќе, тоа е она што детето го помни. 

Нека се чувствува прифатено, уважено и сакано,
токму онака како што и вие сте сакале да се чувствувате,
но можеби не сте го добиле.
Жал ми е поради тоа. 

На тебе останува сега да направиш да биде подобро.
Да му подариш љубов, мир и заштита.
И тоа мало невино дете да стане подобар човек и без страв да чекори низ животот. 

Создавајќи нов свет, свет полн со разбирања и љубов.
Свет во кој и вие можеби сте сакале да живеете,
кога сте биле толку малечки, но никој не знаел како да ви го подари тоа.

Вие сега имате можност да бидете подобри, барем обидете се!