Не ви се потребни луѓе кои никогаш немаат време за вас

Не ви се потребни луѓе кои никогаш немаат време за вас. Зошто би трчале и би се надевале дека ќе одвојат дел од нивното време, кога тие не го ценат вашето?

Во тоа е мудроста на меѓучовечките односи. Едноставна, но голема мудрост. Научете дека постојат големи разлики меѓу добрите и лошите луѓе. Не се разочарувајте, едноставно научете дека тоа е тоа. Ценете ги оние кои ве ценат вам, а заборавете на oние кои не сакаат да одвојат дел од своето време.

Не ви требаат луѓе кои доаѓаат кај вас кога сте во своето најдобро издание, а ве игнорираат кога ви е потребна помош и поддршка. Не ви треба некој кого го интересира тоа што го имате и колку имате, некој кој има маска на лицето, кој ќе се преправа дека ќе ве слуша и кого воопшто не го интересира што имате да кажете. Не ви се потребни луѓе на кои им е важна вашата позиција, а не вашите мисли и чувства.

Без оглед на нивната позиција, без оглед на тоа колку се успешни и барани, никој нема право да си игра со вашето време. Луѓето кои го ценат вашето време, ќе се потрудат да најдат време за вас. Замислените големи на некои луѓе се едно од најлошите нешта во едно општество, бидејќи тие мислат дека без нив не се може. Бараат аплаузи за тоа што го прават, бараат некој да се покорува на тоа што мислат дека се.

Не ви се потребни такви луѓе. Тие не носат никаква вредност за вашиот живот. Напротив, носат само бес и нервоза.

Покажете им дека можете без нив. Нека го трошат времето на други луѓе, но не и вашето.