Не треба да им стануваме на пензионерите во автобус?!

Истражување  спроведено од British Medical Journal тврди дека не треба да им стануваме на постарите во автобус. Според нив, на постарите лица им е потребна поголема физичка активност, па поради тоа е добро тие да стојат во автобус.

Докторите велат дека стоењето е одлична вежба за целото тело која на тие години е многу потребна за правилно функционирање на мускулите. Физичката активност на постари години е многу поефикасна од апчиња и спречува разни здравствени проблеми.

Тие исто така советуваат и дека е добро да ги охрабрите постарите и да им објасните зошто стоењето е корисно за нив.

Сепак, ако некој постар човек очигледно изгледа изморено или е толку натоварен што добро би му дошло да седне, отстапете му го местото.