Не сум веќе истата личност која го гледа најдоброто во сите луѓе

Не сум веќе истата личност која ќе направеше сѐ за другите луѓе, без тие да вложат напор за неа. Не сум личноста која беше возбудена бидејќи некој и обрнуваше внимание, само заради тоа што можеа да го добијат тоа што го сакаат.

Не сум веќе истата личност која бев во младоста. Тогаш имав наивност, преголема доверба. Го гледав најдоброто во другите луѓе, бидејќи не знаев дека сите личности не се исти, дека некои се тука само за да ме повреда. Не разбирав како може некој да има студено срце, или воопшто да нема срце.

Сега имам повеќе искуство, се соочив со повреди, лаги, предавства. Веќе не можам да речам дека им верувам на сите луѓе. Не носам горчина во себе, не ги мразам другите, но едноставно не им верувам на сите. Не се трудам работите да успеат по секоја цена. Не им давам милион шанси на луѓето. Не им одговарам на повиците на луѓето веднаш ако ме бараат само кога нешто им е потребно и не одговарам одма на пораките, ако ним им требало цела недела за да ме побараат. Не го менувам својот распоред поради другите и не ја трошам целата енергија за да ги направам другите среќни, заборавајќи на сопствената среќа.

Не им дозволувам веќе на другите да ме искористуваат. Не сум веќе добрата и наивната личност. Сега се трудам да бидам само реална и да се трудам за својата среќа, својата благостојба.

Некои веќе не го сакаат тоа, но тоа не е мој проблем. Јас морам да се грижам за себеси. Конечно разбрав колку вредам и нема да дозволам на никој друг да го промени тоа.