Не слушајте вести и пресови, седете си во државата каде што сте!

Во текот на денешниот ден продолжуваат активностите на Министерството за надворешни работи за враќање на македонските граѓани кои се заглавени во некоја од странски земји. Денес, но и изминатите денови граѓаните на социјалните мрежи реагираат за нехуманите услови во кои се одвива целата постапка, а во таа насока е и објавата на скопјанката Марија која преку фејсбук статус раскажува за својата ќерка која денес од Словенија тргнала кон Македонија. 

Денес сабајле во 11 ќерка ми тргна среќна да се враќа од Словенија за Македонија, со авионот од амбасада, (170 евра шо не е важно но..) и секако без вода оти не може во авион. Еве уште, а сега е 20.15, вода нема пиено, во тоалет нема одено. Така што од 15.30 е затворена во автобусот пред Макпетрол, Маврово, чекајќи преглед за да ги сместат, вели во својата објава Марија. 

Додава дека патниците се без вода и воздух и речиси цел ден се заглавени во авион и автобус. 

Пресови, вести не слушајте, седете си у државите кај што сте не се враќајте ич. Е... ти и Северна и Филипче и се и стоката лажлива, заклучува во својата објава. 

Марија бара од граѓаните овој апел што повеќе да се прошири на социјалните мрежи, а за таа цел во продолжениe го пренесуваме нејзиниот фејсбук статус, интегрално:

Денес сабајле во 11 ќерка ми тргна среќна да се враќа од Словенија за Македонија, со авионот од амбасада, (170 евра шо...

Posted by Marija Ferro on Saturday, March 28, 2020