Не си силен кога владееш со другите, силен си кога владееш со себеси!

Силен си кога ќе сфатиш дека не треба твојата фрустрација и незадоволство да ја исторуаш врз другите, затоа што знаеш дека нема да постигнеш ништо со тоа, дури и ќе изгубиш убави можности. Силен си кога ќе престанеш да размислуваш за тоа дека другите треба да го средат твојот живот и кога ќе сфатиш дека самиот си одговорен за она што си и што можеш да бидеш, т.е да носиш одлуки кои ќе го направат подобар твојот живот.

Не си силен кога владееш со другите, силен си кога владееш со себеси. Кога ќе престанеш да се споредуваш со другите, знаејќи дека секој од нас го живее својот живот и дека можеби во моментот сме подобри од другите, но не значи и дека утре ќе биде така. Силен си кога ќе престанеш да користиш изговори за да се оправдаш себеси за тоа што не си истрајал, за тоа што не си бил доследен до она за коешто си мислел дека е важно и за тоа што од себе не си го извлекол последното парче сила, туку си се предал.

Не си силен кога владееш со другите, силен си кога владееш со себе. Силен си кога проблемите од минатото ги оставаш зад себе, знаејќи дека не можеш повеќе да направиш ништо и кога грижите за иднината ги оставаш таму, знајќи дека не мораш веднаш да реагираш на се и дека некои работи можат да почекаат. Силен си кога ќе се ослободиш од потребата да ги задоволиш сите.

Силен си кога ќе сфатиш дека е подобро да бидеш сам, отколку покрај некој кој прави да се чувствуваш осамено. Силен си кога ќе сфатиш дека не треба да ги трпиш бубачките на другите луѓе, затоа што и самиот не сакаш да ги оптоваруваш другите, па одлучуваш да се дистанцираш. Силен си кога ќе можеш да ја избереш својата иднина, не загрозувајќи ничија и живееш најдобро што можеш.