Не си дозволувајте да бидете несреќни

Не дозволувајте си да бидете несреќни. Иако можеби имате милион причини за тоа... сепак немојте. Не дозволувајте погледот толку многу да ви замагли што не можете да ја видите среќата. Да, знам дека работите не се баш такви какви што сакате да бидете. И дека многу работи би сакале да ги промените. Но, не чекајте сѐ да се оствари за да може да чувствувате среќа. Не чекајте сите коцки да си дојдат на свое за да си дозволите мир и радост. Знаете што? Листата е предолга и ако така размислувате, секогаш ќе има нешто што ќе ви недостасува. Затоа, дозволете си среќа. Не дозволувајте тешките мисли да ве поттиснат и фокусот да ви биде само на она што мислите дека не ви оди. Во сѐ има нешто добро. 

Можеби самотијата ве гуши и некои луѓе ви недостасуваат. Но, оние кои треба да бидат покрај вас се токму каде што треба да бидат. Оние кои не треба да бидат покрај вас, со причина не се дел од вашиот живот. Немојте со сила да ги влечете назад и не жалете за нив. Оној горе знае зошто ве раздвоил. Верувајте ми. Не дозволувајте да бидете несреќни. Вежбајте позитивни мисли. Правете ги работите што ве прават среќи. Почувствувајте радост и во мали работи. Помогнете им на оние на кои им е потребна помош. Подарете насмевка. Почнете со мали чекори.... 

Немате време за да бидете несреќни. Тоа е луксуз кој не смеете да си го дозволите. Зошто да го трошите времето кое не можете никако да го вратите? А тоа не ви носи ништо добро. Кренете ја главата високо и истресете ги негативните мисли од себеси. Подгответе се за новиот ден. Направете си го омиленото кафе и облечете ја омилената облека. Насмевнете си се себеси во огледало и кажете си нешто убаво. Бидете си најголема поддршка и кога ви се чини дека никој не е. Затоа што кога најмалку можеш, тогаш најмногу мораш. Тука се раѓа вашата сила. Тука напредувате и растете.

 Радосно започнете го новиот ден. Имате право на тоа и не дозволувајте никој да ви го одземе тоа. Вие сте му потребни на светот и на вашите најблиски. Насмевнете се!