Не се трудете да бидете најдобри заради другите, туку заради себеси

Колку пати сте чекореле низ работ на животот, колку пати сте биле измеѓу врвот и дното? Колку пати сте мислеле дека ќе бидете среќни ако им ги исполните желбите на другите и се вклопите во нивната верзија? Дали вредеше за вашето потрошено време и солзи? 

Треба секогаш да се трудите да бидете големи во своите очи, да ги прифатите своите несовршености, да работите на тоа што сакате да го постигнете. Да се прифатите себеси значи да ги препознаете вашите мани и да ги претворате во доблести, во она што ќе ви дава енергија и нови начини да се изразите себеси и да бидете поавтентични.

Да се прифатите себеси значи да не одите со наведната глава и да се споредувате со другите. Затоа што знаете дека не постојат две идентични личности на планетава. И не би сакале да бидете ставени во ист кош со други луѓе, да бидете бледа копија без свои желби и соништа. Не сакате да се претопите во околината и да ја угасите својата жед за животот, да се прилагодите на другите и да дозволите да го изгубите својот глас. Тој пат нема да ве однесе на патот кон среќата, напротив. Ќе дојдете до крајот на патот и нема каде да одите, сѐ додека не го решите проблемот. А решението се наоѓа во одговорт на прашањето: Зошто толку се трудите да им се допаднете на сите? Зошто сте несигурни и не се сакате себеси?

Мора да сфатите дека треба да научите да се сакате себеси, да го цените она што сте, да се развивате на подобро. Да не очекувате другите да ги влечат конците, да ве спречат на патот кон среќата. Не можат другите да ве сакаат онолку колку треба да се сакате себеси. 

Дури откако навистина ќе се засакате и прифатите себеси, ќе забележите дека другите луѓе се во хармонија со вашите чувства и енергија. Ќе сфатите дека сѐ што давате ви се враќа. А желбата да напредувате, да направите нешто уникатно и впечатливо во животот би требало да дојде сосема спонтано и природно. 

И кога ќе го пронајдете она што ве исполнува, ги брише вашите несигурности и на момент го запира времето, ќе сфатите дека станувате сѐ подобри во она што го правите и она што е. И тоа ќе дојде како нормален исход, затоа што зрачите со сигурност, самодоверба, позитивна енергија и му се радувате на животот.

Другите можат само да ви бидат мотив повеќе, но не и водилка. Никогаш не сте биле слични, ниту треба да бидете слични на другите. Можете само добро да се потрудите да бидете најдобри што можете, заради себе, за вистински да го живеете животот, а не само да сонувате за него. А јас ви го посакувам токму тоа. Да се пронајдете, никогаш повеќе да не го изгубите вашиот пат. Ви посакувам многу среќно исполнети денови, денови со цел и радост, а не само обично постоење и трошење на деновите.