Не постојат случајности: Сѐ што се појавува во вашиот живот има своја цел

Сфатете дека не постојат случајности во овој наш интелигентен универзум, сфатете дека сѐ што ќе се појави во вашиот живот има цел да ве научи нешто. 

Ценете ги сите луѓе и сите работи кои ви влегуваат во животот. 

Треба да почнете да гледате кои сте вие длабоко во себе и зошто сте тука, наместо да се фокусирате на физичкиот свет и сѐ она што го опкружува. 

Овој ден нека ви биде ден полн со почит, ден полн со восхит кон сѐ она со кое ќе дојдете во допир: сакајте ги своите очи, нозе, својот ум и сѐ што е во вашата околина!

Наместо осудување, само ценете и сакајте!

Вратата кон повисокото ниво на свесност во вашиот живот се отвора одвнатре. Повеќето од нас го поминуваат живот свртени во погрешниот правец, гледајќи надвор од себе, барајќи ги решенијата за проблемите таму некаде, кога всушност, цело време, во нашата душа, во тој тивок празен простор, лежи универзалната интелигенција, нашата суштина. Уште од денес започнете да барате во себе и тоа секој ден!

Вејн Дајер