Не му е прв пат: Пијано лице синоќа палело отпад кај Скопски саем

Дежурни екипи на Инспекторатот на град Скопје синоќа во напуштен објект во близина на Скопски саем лоцирале палење на отпад од страна на лице во алкохолизирана состојба.

- Се работи за лице познато на полицијата кое во изминатиов период секојдневно го повторува делото, истото е приведено. Веднаш беа повикани противпожарните екипи од Пожарна Скопје кои го изгасија огнот. Во текот на утрешниот ден ќе биде известен Центарот за социјални работи Скопје, информираат од Инспекторатот.