Не ми треба маж за да ми ги реши проблемите, ми треба маж кој нема да биде проблем

Љубовта не значи дека треба да носите одлуки за некој друг. Љубовта не се состои од тоа да проверувате дали партнерот ве изневерува. Љубовта не значи да се сомневате во сѐ што другиот кажува. Љубовта значи поддршка и доверба. Љубовта е инспирација и мотивација.

Јас можам и сама да одам низ животот. Не ми треба некој да ми кажува како да живеам. Кога ќе се заљубам, мажот кој ќе стои до мене нема да мора да ме носи на рамена до крајот на неговиот живот. Ние ќе бидеме и партнери и љубовници. Ние ќе создадеме нераскинлива врска. Ние меѓусебно ќе си помагаме.

Во љубовта човек треба и да дава и да зема. Ако во врската само едниот дава, а другиот зема, тоа не е здрава врска. Кога ви е тешко, другиот треба да биде покрај вас и обратно кога на другиот му е тешко, вие треба да бидете покрај него. Ако сакате љубовта да опстане, мора и двајцата поеднакво да се трудите.

Мене не ми треба некој кој ќе ме спасува. Не го барам Принцот на бел коњ за да ме разбуди од длабок сон и да ме спаси. Мене ми е потребен рамноправен партнер. Пријател. Љубовник. Не ми треба маж за да ги решава моите проблеми, ми треба маж кој нема да биде проблем.

Сакам маж кој ќе ме поддржува и не зборувам финансиски, туку емотивно. Маж кој ќе ме поттикнува да продолжам да се борам во моментите кога ќе сакам да се откажам. Сакам маж кој ќе се грижи за моите соништа. Не ми треба некој кој ќе ме омаловажува и кој ќе ми вика дека не сум способна за ништо.

Сакам маж кој ќе се гордее со мене и со сѐ што правам.

Сакам животен сопатник. Некој со кого ќе изградам среќна иднина и кој нема да ме влече надолу, ниту пак ќе стои на мојот пат кон остварување на моите соништа.