Не избираш во кого ќе се заљубиш, но избираш кого ќе сакаш...

Потруди се да го сакаш оној кој нема да си игра со тебе како со некоја играчка, туку оној кој ќе те почитува како целосна личност. 

Обиди се да сакаш некој кој нема еден ден да те осипува со внимание, а веќе следниот момент да заборави дека постоиш.

Обиди се да сакаш некој кој секогаш ќе има убави и позитивни зборови за тебе. 

Не избираш во кого ќе се заљубиш, но избираш кого ќе сакаш.

Избери некој кој ќе ја прифаќа твојата ранливост, дури и кога другите ќе ја вртат главата на друга страна, некој кој ќе разбере дека пред туѓите рани внимателно се бираат зборовите. 

Избери некој со кого нема да мора да бираш какви зборови ќе употребуваш, туку во секој момент можеш да бидеш она што си. Избери да сакаш некој кому не му е важно твоето минато, туку иднината со тебе.  Не бираш во кого ќе се заљубиш, но избираш кого ќе сакаш. 

Избери некој кој ќе има слични цели како и ти, за да не се разминувате цел живот, избери некој кој ќе ја смири твојата вознемиреност и ќе те држи за рака.

Избери некого со кого нема да треба премногу да се расправаш за да се разберете, доволно ќе биде само еден поглед и сите работи ќе си дојдат на свое место. 

Потрудете се да го сакате оној кој ве прифаќа онакви какви што сте, без да очекува чуда од вас. 

Потрудете се да го сакате оној кој нема да ве тера да плачете.

Не бирате во кого ќе се заљубите, но избирате кого ќе сакате.

Настојувајте тоа да биде личност која и вас ве сака и која ќе ви го подари своето срце и не прифаќајте ништо помалку од тоа.