Не го добивте тоа што го сакате? Бог и универзумот секогаш имаат причини за тоа, верувајте им

Поголем дел од времето, неговите планови не можеме да ги разбереме, но кога ќе се остварат разбираме зошто толку долго сме чекале. На вистинското време, на вистинското место, тој ни помага да ја разбереме суштина и ни ја носи среќата која долго сме ја чекале.

Не ја добивте работата која ја посакувавте? Моравте да раскинете со личноста која ви беше сѐ на светот? Тоа е поради плановите на универзумот. Неговата моќ е огромна.

Сите планови не можат да се остварат, бидејќи кога би се оствариле не би ни стигнале до она најдоброто во животот.

Најважните лекции ги учиме така. Учиме дека понекогаш добивањето на работата која сме мислеле дека ја посакуваме не е најголемата среќа во животот, учиме дека за сѐ има вистинско време и место.

Мораме само да веруваме во тајмингот. Да не ја изгубиме надежта и да не станеме бесни и лути на универзумот и Бог кога не го добиваме тоа што го сакаме. Одговорите ќе дојдат. Полека, но сигурно.