Не дозволувај да те расипат фрустрациите на овој свет

Не дозволувајте болките кои ви се нанесени да ве променат. Да го променат вашиот поглед на животот и да ве уверат дека сте помали отколку што сте.

Не дозволувајте надворешните околности да ве променат, да ве бутнат на пониски гранки и во вас да развијат некои тешки карактеристики. И да ви подигнат високи ѕидови. Не го дозволувајте тоа. 

Не дозволувајте сето она што ви се случило да ја промени вашата перцепција и да почнете да го гледате животот низ темни очила.

Не дозволувајте да бидете огорчени, фрустрирани, бесни... ниту пак склопчени во својата болка. Не дозволувајте! Бидете посилни и поголеми од тоа!

Сите лоши работи нека направат уште поголеми луѓе од вас. Уште подобри личности.

Чистотата на вашето битие нека излезе на површина, дозволете да го покаже своето лице. Нека се чуе вашиот вистински глас, гласот на душата и нека биде погласен од сите останати! Чист, изворен, непроменет!

И погледот нека ви биде кристално бистар, поглед со кој сето тоа ќе го гледате од поголема висина. 

И не дозволувајте ништо да ве дефокусира од вашиот пат, ниту да го промени правецот на движење.

Не дозволувајте ништо да ве обесхрабри, разувери, скрши.

Што и да се случи, бидете посилни од тоа. Бидете над сите неволји. Останете позитивни и ведри. Насочени кон радоста на живеењето. На добрината. Хуманоста. Вербата. Целта на животот.

И никогаш немојте да се повлекувате. Никогаш!