Не боли љубовта, туку неверствата, лагите и сомнежот

Многу често, патењето ни ги отвора очите. Минува времето и забележуваме како да ни пука кожата, чувствуваме силен притисок во себе и како да тонеме. Тоа се случува кога долго време сме под стрес и во себе имаме борба дали да и веруваме на една личност или не.

Најчесто, интуицијата е во право. По некое време сфаќаме дека не постои посилно нешто од неа. Дека треба да и веруваме.

Кога сме предадени, се чувствуваме празно и сакаме да вратиме. Мислиме дека одмаздата ќе ни помогне да заборавиме, но напротив –се опседнуваме себеси со тоа  и тоа уште повеќе ни создава мака. Ни станува единствениот или пак најголемиот избор на болка. Како да не знаеме за ништо друго во животот. Целосно забораваме и на среќата.

Се прашуваме зошто ги сакавме толку многу, а тие ни вратија на тој начин? Или пак, зошто им дозволивме да го направат тоа.

Треба да знаеме дека кога една личност ќе не предаде, бесот кога го имаме во себе, не и носи ништо на таа личност. Таа веќе се откажала од нас кога решила да не повреди и излаже. Единствената личност на која и нанесуваме болка и зло сме ние самите.

Но, што можеме да направиме во таква ситуација?

Впрочем, вистината е дека можеме да направиме многу со тоа што нема да направиме ништо. Ќе дозволиме времето да не одалечи од таа личност, да ни ја намали болката и да ни дозволи да продолжиме понатаму со животот. Изгледа многу тешко, но не е. Не е ни воопшто лесно. Но, тоа е процесот.

Повреденото срце и его не треба да не спречат да сакаме повторно. Само треба да си дадеме време да се најдеме себеси, да ја надминеме болката и да продолжиме понатаму.