Не било можно воведување на евтина струја цел ден велат од РКЕ

Од РКЕ појаснуваат дека дури и да се воведе евтина тарифа во текот на целиот ден, граѓаните трошокот на граѓаните нема да се намали драстично, но енергетскиот систем би можел да колабира.

Не е едноставно да се воведе евтина струја цел ден. И првиот човек на Регулаторна Марко Бислимовски во изјава за 24 Вести објасни дека тоа не е едноставен процес и дека треба подолг период за да се спроведе.

Упатените во оваа проблематика објаснуваат дека за последната измена на тарифата за евтина струја се работело повеќе месеци. 

– Невозможна мисија е воведувањето на евтината тарифа цел ден од технички причини, но и од економска оправданост, енергетските компании мора да останат ликвидни бидејќи и по кризата треба да снабдуваат. Екипите на ЕВН се во приправност за интервенција во најкритични моменти, дефекти и слично. А ако се воведува евтина тарифа сите електромонтери ќе треба да одат низ Македонија и да сетираат над 600.000 броила од кои 200.000 се внатре во домовите на корисниците. Во време на ширење на вирусот тоа не го дозволуваат ниту здравствените експерти, вели Бислимовски.