Не бегајте од својата чувствителност, таа е најголемото богатство во овој студен свет

Ако ја доживувате својата чувствителност како со вас нешто да не е во ред, ако постојано се трудите да избегнете да ги покажувате чувствата бидејќи некој ви рекол дека сте слаби, престанете да го правите тоа. Можеби се чувствувате неразбрани од другите, но тоа не е причини да се срамите и плашите од својата чувствителност. Напротив, таа ви помага да ги чувствувате работите на начин на кои другите луѓе нема да имаат шанса да го имаат тоа.

Променете ја својата перспектива. Чувствителност е дар, а не слабост.

Секој ден можеби ви е товар и проклетство, бидејќи ги разбирате другите, но истовремено вие сте многу посреќни од сите нив. Во свет кога многу луѓе имаат заборавено како да бидат среќни, вие сте среќни поради сите мали нешта околу вас. Вие простувате, вие ги разбирате другите. Вие чувствувате сила, страст и возбуда.

Одмарајте се повеќе

Ако сте личност која е пречувствителна, тоа значи дека многу нешта ви одземаат енергија и на крајот на денот се чувствувате како ви се испразнети батериите. Затоа, најдобро е убаво да се одморите пред новиот ден. Дозволете си активен одмор и одете на прошетка, вежбајте јога, медитирајте, насадете цвеќиња. Тоа многу ќе ви годи.

Не се споредувајте со другите

Споредбата со другите е најлошото нешто што можете да си го направите себеси. Не очекувајте дека ќе наидете на разбирање. Вие сте такви какви што сте и тоа не е воопшто лошо. Не дозволувајте да се чувствувате лошо поради споредбите со другите луѓе. Секоја личност има своја слаба точка, но и силна страна. Тоа што кај другите постои како егоистичност, кај вас е чувствителност. Тие не се подобри од вас.

Помогнете им на другите

Бидејќи сте многу чувствителни и ги разбирате другите, потрудете се да им помогнете. Истражувајте се себеси, вложете во својата едукација и на основа на она низ што минувате, ќе научите многу и за другите. Работете со луѓе на кои им е потребна ваша помош. Развијте ја својата емпатија и најдете им се кога сте им потребни.

Научете да се потпирате само на себеси

Не очекувајте дека другите луѓе ќе бидат како вас, ниту пак дека ќе покажат чувствителност за вашите проблеми, како што вие покажувате за нивните. Прифатете се себеси онакви какви што сте, и научете дека вие сте си најголем пријател себеси.

Дружете се со луѓе кои се слични на вас

Можеби така ќе најдете разбирање или личност со која ќе можете да споделите низ што поминувате. Не мислите дека би било одлично кога би имале целосно отворено да разговарате со друга личност која е слична на вас?