Навистина е посебен: Рецепт за прав турски сутлијаш

Состојки:

6 шолки вода

2 шолји ориз

3 шолји млеко

15 лажици шеќер

2 ванилин шеќер

1 пудинг од ванила

Цимет по желба

Подготовка:

Ставете ја водата да врие, па откако ќе зоврие, додадете го оризот и мешајте да не загори.

Кога ќе биде скоро готов, додадете го млекото, шеќерот и ванилиниот шеќер.

Пред да извадите, додека се уште е редок, додадете го пудингот промешан со малку млеко. Кратко вратете на рингла да зоврие, и тоа е тоа...

Врелиот сутлијаш ставете го во мокри чинии, ако сакате одозгора ставете цимет.

Послужување:

Може да се додаде и суво грозје, изворниот рецепт е со суво грозје, но може и без него.

Добар апетит.