Науката открива: Ова се работите кои ќе ја подигнат вашата привлечност на завидно ниво

На некои атрибути, и мажите и жените не можат да влијаат и имаат привилегија да го истакнат само она што им го подарила природата. На некои сепак можат да влијаат. Погледнете како можете да станете попривлечни.

Идеален однос помеѓу половината и колковите е 7:10

Жената која го истакнува совршениот однос помеѓу половината и колковите им праќа сигнал на мажите дека е плодна и дека може да носи негово дете. Ова е еволуциска придобивка и е запишана во гените на човекот.

Уште една природна работа која ги воодушевува мажите е високиот женски глас. Германските научници откиле дека и долгата, здрава коса исто така е мамец за мажите.

Ако односот помеѓу колковите и половината, косата и бојата на гласот е нешто што не можете да го контролирате, има работи за кои е потребно само малку труд.

Насмевнете се, заедно со насмевката и белите заби нема да останат незабележани. Мажи, не го испробувајте овој трик, затоа што жените ги привлекува сосема спротивното – сериозноста.

Црвената облека исто така ќе ја разбуди фантазијата кај мажите, а сличен феномен е забележан и кај некои животни. Уште нешто за жените: Користете што е можно помалку пудра, сенки и кармини. Природниот изглед е попривлечен.

А какви мажи сакаат жените?

Изгледа дека мажите можат да направат многу повеќе со труд, затоа што шест научно докажани атрибути можат да ги создадат и сами.

Црвената облека изгледа е универзален симбол на привлечноста. Жените во неа гледаат симбол на моќта.

Жените сакаат мажи со посилна брада. Тоа е симбол за машкост и зрелост.

Ако сакаат да го привлечат спротивниот пол, мажите би требало да водат сметка и на држењето, затоа што добрата исправена поза ги прави поатрактивни.

Научниците  докажале и дека жените највеќе ги привлекуваат сериозни мажи, кои помалку се насмевнуваат. Насмевката кај мажот дава скриена порака дека не е доволно доминантен.

Секако, жените сакаат и мускули. Тоа е скриен показател за добра генетика.

И  хемијата во потта исто така може да ги возбуди жените.