Научете да се носите со работите кои не можете да ги промените

Научете да се носите со работите кои не можете да ги промените, во тоа лежи тајната за среќата на животот. Ве лажат оние кои ве скокоткаат со празни зборови и кои фрлаат кон вас површни дефиниции за среќа, а зад нив се наоѓа само празна приказна.

Треба да научите да се носите со работите кои не се во ваша контрола, а нив ги има на секој чекор. Научете да одите напред дури и кога делува како да нема каде да одите, научете да не размислувате за минатото дури и кога е толку силно.

Научете да се носите со работите кои не можете да ги промените, тоа е мудроста на животот. Не може да одите со глава низ ѕид, ѕидот ќе остане, а вас ќе ве боли главата. Тука нема да ви помогнат мудрите изреки кои ви велат да одите напред, ниту пак луѓето кои се нарекуваат учители или мотиватори. Не ви требаат стотина семинари со мотивациски пораки само за да мислите позитивно. Работите кои се надвор од ваша контрола ќе останат надвор од ваша контрола колку и да мислите позитивно.

Научете навреме да ги препознавате работите кои не се под ваша контрола и така ќе избегнете многу разочарувања, многу лажни надежи кои и не се надежи, туку само заблуди кои уште од самиот почеток требало да бидат јасно видливи. Само застанете и накратко набљудувајте го вашиот живот, набљудувајте ги вашите желби и очекувања, размислете за вашите способности и можности, препознајте ја разликата меѓу соништата и реалноста. Треба време за да се соочите со реалноста, треба време додека стигнете до болните точки во себе и да минете преку нив. Со туркање на главата во песок нема да стигнете далеку.

Кога ќе научите да се носите со работите кои не можете да ги промените, ќе видите дека секој ден може да биде убав, ќе откриете благослови кои не сте ги ни забележувале и ќе се прашувате како е возможно да сте носеле толку негативност во себе. Ако се прашувате како да се носите со работите кои не можете да ги промените, едноставно е: Само одлучете да го направите тоа и веќе сте завршиле половина работа. Продолжете да одите по тој пат и веднаш ќе почнете да ги забележувате животните промени.