Насилниците од Штип изведени пред судија на претходна постапка за притвор

Двајцата штипјани кои тепале и малтретирале девојка во станбена зграда се веќе пред судија на претходна постапка во штипскиот основен суд. Обвинителството побара да им се изрече мерка притвор, а се обвинуваат за сторено кривично дело насилство по член 386 став 3. Според ова, казната за сторители кои се огласуваат за виновни се движи од шест месеци до пет години.

Тимот од Центарот за социјална работа-Штип на девојката веќе има понудено психосоцијална поддршка. На видеото се слуша дека девојката била бремена, тимови истражуваат дали била во партнерски однос со еден од нив.

Двајцата насилници на возраст од 23 и 26 години исказите во полиција ги давале без присуство на адвокат.