Нашите миленичиња се најдобриот лек за смирување

Само петминутно уживање со галењето на вашиот домашен миленк имаат огромна моќ позитивно да влијаат на вашето расположение.

Наместо да барате апче за смирување, земете го својот миленик до себе и дозволете му да ве разведри. Тоа не само што е добро за нас луѓето, туку е одлично и за нив. Освен тоа, не мораме да имаме свој домашен миленик, можеме да го направиме тоа и со оние кои ги среќаваме во паркот или во близина кадешто живееме.

Според едно истражување објавено во 2013 година, галењето на домашното милениче носи и помал ризик од срцеви заболувања, а ни носи и подлабока старост. Ова истражување посочува дека кучињата се совршени домашни миленичиња кои можат да ни помогнат да го оствариме тоа.

Имањето куче исто така ни помага да бидеме активни. Самата прошетка со нив, без оглед на тоа колку е кратка овозможува секојдневно да бидеме активни и директно влијае на нашето здравје.  Кучињата исто така ја спречуваат осаменоста и го намалуваат стресот. Тие се особено добро друштво за оние кои живеат сами, но и за децата.