Една просечна личност е најздрава во своите 30-ти години, најбогата во 47-та година и има најдобар секс во 32-та година. Ова се резултатите од едно неодамнешно истражувања.
Истражувањето опфатило 2000 мажи и жени од Велика Британија и покажало дека луѓето се најсреќни во 39-та година од совјот живот. Тоа исто така покажува дека луѓето најубаво се чувствуваат во својата кожа во 31-та година, а дека имаат најдобра кариера на 38 години.
Според студијата, други важни години во животот се 40-тите кога всушност сме најзадоволни од љубовта, додека примањата ни се најдобри во 42-та.
Ова се најважните години во нашиот живот:
- најздрави сме во 30-тата година
- најбогати сме во 47-та
- најсреќни во 39-тата
- најзадоволни од својот изглед во 31-та
- најдобар секс имаме во 32-та
- најзадоволни од својата врска во 40-тата
- најубаво си поминуваме во 24-тата
- имаме најдобри приходи во 42-та