Најважните лекции според Буда: Подобро е да се победите себеси, отколку да победите во илјада битки со другите

Учењето на големиот учител Буда е распространето низ многу земји, а тоа е пред се поради огромната моќ на неговите зборови. Тие се насочени кон наоѓањето на внатрешната хармонија и мир, а ваквите лекции се универзални и вечни.

Почнете од малку

Чекор по чекор, капка по капка. Секој мајстор некогаш бил почетник. Ако сте доследни и трпеливи, ќе успеете. Никој не може да успее преку ноќ, успехот доаѓа за оние кои се подготвени да тргнат од малку и кои предадено се трудат да стигнат до него.

Мислите се моќни

Буда вели: Стануваш она за што размислуваш. Ако човекот говори и делува со лоши мисли, него го следи болка. Ако пак тој говори или делува со чиста намера, го следи среќа. За да живемее правилно, треба да го исполниме мозокот со исправни мисли.

Простувајте брзо

Кога го задржувате бесот во себе, тој ви пречи само вам. Кога ќе се ослободите од него, се ослободувате и себеси. Научете да простувате.

Потрудете се да ги разберете другите

Престанавме да се бориме за вистината, се бориме само за себе. Но, важно е да се потрудиме да ги разбереме другите, а потоа и тие да не разберат нам. Слушајте ги другите, потрудете се да ја разберете нивната точка на гледиште.

Победете се себеси

Подобро е да се победите себеси, отколку да победите во илјада битки со другите. За да се победите себеси, морате да ги контролирате своите мисли и да се трудите да бидете подобри од тоа какви сте биле вчера. Немојте да мислите дека не можете да ги контролирате своите мисли, вие ја имате моќта за тоа.

Бидете благодарни

Секогаш постојат работи во нашиот живот за кои треба да бидеме благодарни. Не бидете песимисти, дури и тешките времиња и кавгите и сите лоши моменти поминуваат. И во тие моменти најдете нешто за што можете да бидете благодарни. Препознајте го тоа.