Најубавите божиќни мисли кои ќе ви го стоплат срцето за празниците

За многумина, празниците се најубавиот дел од годината. Уживаме во студеното време, снегот, вкусната храна и друштвото на најблиските. Секако, значаен дел од празничната атмосфера се и книгите и филмовите кои ни ја пренесуваат божиќната магија.

Да видиш значи да веруваш, но некогаш најубавите нештата на светот не можат да бидат видени.

Јас го носам Божиќ во срцето и го чувам во текот на целата година.

Божиќ не е само еден ден, тоа е цел начин на размислување.

Најдобриот начин за да се прошири Божиќната убавина е да се пее гласно, со целото срце.

Божиќните спомени се создаваат на најубав начин. Тие не се планирани, не се дел од нашиот распоред и не ги ставаме во нашите телефони. Тие само се случуваат.

Можеби Божиќ не доаѓа од продавниците. Може, тој значи нешто повеќе.

Секогаш кога ѕвонат ѕвончињата, ангелите ги рашируваат своите крилја.

Божиќ е мојот омилен период. Уште кога бев дете, секогаш се чувствував како да е мој личен празник.

На Божиќната вечер, сите сме пофини. Повеќе се смееме, повеќе се трудиме за другите. Барем на неколку часа стануваме тоа што секогаш сме се надевале дека ќе бидеме.

Само запаметете дека духот на Божиќ се крие во вашето срце.