Најубавиот топол пијалок за оваа зима

Ова е одличен пијалок кој ќе ве стопли, а особено е познат во Англија. Се пие топол во текот на зимата и има одличен цитрусен вкус.

Потребни состојки:

1 филтер кесичка Earl Gray чај

235 мл. Превриена вода

60 мл вики

2 лажици цеден сок од лимон

Мед, за вкус

1 тркалце исечен лимон, за декорација

Начин на подготовка:

Ставете ја кесичката чај во шолја за млеко. Додадете ја топлата превриена вода и оставете да отстои околу 4 минути. Отстранете ја кесичката. Додајте го вискито и лимоновиот сок. Измешајте убаво. Додадете мед за вкус. Во шолјата пуштете го тркалцето лимон.

Можете да додадете и малку цимет.