Најтешко е кога си полн со љубов, а немаш кому да ја дадеш...

Не е најтешко кога си без љубов,
па ја бараш насекаде и кај сите,
копнеејќи некој да те забележи.
Најтешко е кога си полн со љубов,
а немаш кому да ја дадеш,
а го посакуваш тоа повеќе од сѐ  на светот.
Да љубиш и сакаш,
да се даваш и предаваш,
да негуваш и чуваш,
а немаш никого.

Кога човек е празен,
не му е до тоа,
но кога човек трепери од среќа и радост,
кога во него блика пламенот на животот,
кога посакува нежности и милување,
сакајќи да се посвети некому,
а нема кому,
тоа најмногу боли,
а не недостатокот од љубов,
туку љубовта која блика од него,
и наместо да го даде тоа на некој друг
тоа неповратно се фрла
и залудно оди.

Точно, треба човек да се сака самиот себе,
но треба да сака уште некого.
А како да сакаш кога го нема тој некој,
не можеш да го правиш тоа со сила.

Пред очи ти се појавуваат само прегратки,
а прегратка нема.

Пред очи ти се појавува само спој,
а спој нема.

Пред очи ти се појавува само љубов,
а љубов нема.

Тоа најмногу боли,
не кога не можеш да сакаш,
туку кога сакаш некого да сакаш со целото свое битие,
кога секоја твоја пора е желна за спојување,
а таа личност ја нема никаде.
Или можеби ја има,
но не се чувствува исто.

Така се чувствувам веќе долго време
како река која сака да се слее,
да стане уште поголема и поубава,
но нема други реки и само се врти во круг.

Така е и во љубовта,
кога немаш со кого да ја споделиш.

Така е и во животот,
кога немаш со кого да го споделиш.

А така е и со се останато,
кога се што имаш сакаш да го дадеш и споделиш,
останува само во тебе.