Најрани симптоми за рак кај мажите

Ракот е водечка причина за смрт кај мажите. Штом еднаш ќе се прошири, многу тешко е да се излечи оваа болест. Затоа е и важно симптомите рано да се забележат.

Чести промени во работата на системот за варење

Нагли промени во работата на нервниот систем можат да бидат последица на ракот на дебелото црево или наусот. Ракот на дебелото црево може да се развие на било кој дел од дебелото црево и предизвикува проблеми.

Уринарни промени

Инконтенцијата и уринарните промени се вообичаена последица на стареењето. Сепак, оние кои се предизвикани од ракот на простата се однесуваат на отежнато и одложено мокрење и интензивно напрегање во текот на мокрењето.

Крв во урината

Никогаш не треба да се занемарува крвта во урината, бидејќи таа е чест симптом за рак на мочниот меур. Ова е еден од најчестите типови рак, особено кај пушачите и бившите пушачи. Крвта во урината може да биде последица на простатитис, рак на простара и инфекции на уринарниот тракт.

Болка во долниот дел на грбот

Болката во долниот дел на грбот е најраниот симптом за рак. За разлика од вообичаената болка во грбот, болката во грбот предизвикана од ракот предизвикува силна напнатост и чувство на нелагодност.

Кашлање

Хроничното кашлање е еден од најраните симптоми за рак. Ако кашлањето е пропратено со искашлување крв, треба да се обратите кај доктор.

Нагло слабеење

Наглото слабеење може да биде симптом на сериозни здравствени проблеми и различни видови рак. Ако нагло сте ослабеле, задолжително обратете се на лекар.