Најпосакуваната диета во светот: Диета со чоколадо, пуканки и тестенини

Ова е дефинитивно најпримамливата диета на светот. Можете без грижа на совет да уживате во чоколадото, пуканките и тестенините, бидејќи вие сте на Чоколадна диета! Што е тоа што не звучи како диета од соништата?

Нејзиниот творец Лени Ниман тврди дека таа совршено делува само што притоа не смеете да консумирате некои други слатки, гумени бомбони и бисквити.

За време на чоколадната диета исто така не смеете да внесувате: алкохолни пијалоци, сол, шеќер, масло, пржена храна, млечни производи, црвено месо, апетисани, чипс, брза храна, колачи, кафе и газирани пијалоци. Од овошје избегнувајте: авокадо, кокос, грозје и смокви.

Тајната во “слатката” диета е во тоа што го забрзува метаболизмот, а чоколадото делува и како стимуланс. Ќе бидете среќни што слабеете, но и што јадете чоколадо. Сепак, не заборавајте да пиете  минерална или обична вода која повеќе го стимулира метаболизмот.

Иако чоколадната диета се чини примамлива, немојте да претерате со еднолична исхрана, бидејќи таа не е добра, без разлика за која диета се работи.

Мени:

Појадок: пуканки (без сол и путер) и овошје.

Ручек: салата од тестенини.

Ужина: Пуканки, една топка овошен сладолед со млеко со ниска масленост или црна чоколада.

Вечера: тестенини со сос од домати и лук, салата.

 Чоколадото можете да го конзумирате со секој оброк