Најлоши луѓе се лицемерните луѓе: Како да се справите со нив?

„Лошиот човек кој се преправа дека е добар е најлошиот човек“ – ова е мисла на еден римски поет. Онаму каде што владее лагата, скриена под маската на лицемерието, искреноста не може да налета на разбирање. Во таков свет, искрениот разговор се смета за нешто ужасно и морате да бидете неверојатно храбри за да го отфрлите својот оклоп, да го отворите срцето и да ја кажете вистината. Но, заедно со лагите доаѓа уште една уште полоша, помрачна и порасипана димензија, а тоа е лицемерието. Димензијата во која личноста го крие своето вистинско „јас“ и се претставува пред другите како многу морална личност.

Ние го оправдуваме лицемерието, а не го ни разбираме

Уште од детството нѐ учат дека треба да се кажува вистината и дека лажењето е лошо. А потоа нѐ упатуваат на животен пат каде сигурно ќе налетаме на „ножеви“. Психологот Лоренс Колберг тоа го објаснува во својата теорија за моралниот развој и вели дека сето тоа се случува во фазата кога детето од 10 до 13 години почнува да го сфаќа значењето на поимот правда. Детето гледа како возрасните самите се збунуваат во сопствените контрадикторности. Родителите бараат искреност од своите деца, иако често се навредуваат од она што ќе го чујат. Тогаш се наоѓаме во една од оние ситуации кога се прашуваме што е подобро: да повредиме нечии чувства со нашата искреност или да лажеме од безбедна далечина?

Лицемерието владее со светот и со негова помош се градат лажни животи

Лицемерието е целосно инфилтрирано во нашето општество, добивајќи статус на нешто сосема нормално. Но, она што е интересно е дека повеќето луѓе имаат чувствителен „сензор“ за лицемерие. Често забележуваме лицемерие кај политичари, роднини, колеги... Но, ние не реагираме на тоа. Се деморализираме во мислите и мислиме дека не можеме да победиме во борбата против лицемерието. Обидите да се промени неискрената личност која и самата не е искрена кон себеси е навистина тешка работа

Како да се победи лагата? Секогаш бидете искрени и реални!

Постојат различни видови лицемерие. Постојат луѓе кои демонстрираат величествени манири само за да ги сокријат сопствените негативни морални начела: расизам, сексизам, предрасуди... Но, најчестиот вид лицемерие е човековата желба да биде прифатен и да добие признание. Оние луѓе кои постојано се приклонуваат кон лицемерието ја загрозуваат својата самодоверба. 

Како да постапувате со лицемерен човек?

Обидите да промените лицемерен човек е исто како да бришете прашина во станот: залудна работа! Лицемерието секогаш е во спротивност со сѐ. Лицемерите не ги напаѓајте директно и не влегувајте во нивните приказни. За да се одбраните од нив, одберете само една соодветна причина и замолчете. Лицемерите секогаш ќе се обидуваат да ве саботираат, осудуваат и да ви лепат етикети. За да не заборавите кои сте, секогаш трудете се имате дијалог со себеси. Не ја заборавајте вашата вредност и големина. Вашиот живот не зависи од постапките и зборовите на лицемерите.

Гледајте на нив како на лош воздух кој порано или подоцна ќе испари.