Најголемиот дел од граѓаните се против карантинот воведен овој викенд во Скопје

Високи 65% од граѓаните се против карантинот кој беше воведен во Скопје и во неколку останати општини. Ова го покажа анкетата која Скопје Инфо ја спроведе преку сопствениот инстаграм профил, а на која учествуваа повеќе од 500 испитаници. 

Согласно одлуката на Владата, полицискиот час во Скопје започна вчера во 21 часот, а ќе трае до понеделник до 05 часот. Граѓаните преку медиумите и социјалните мрежи го изразуваат револтот од лошата одлука поврзана со ограничување на движењето за време на овој викенд.