Најдобрите витамини за жените

Веќе знаеме дека на нашето тело му се потребни витамини и минерали за да се чувствуваме здрави и силни. Веројатно веќе знаете дека експертите секогаш ја препорачуваат исхраната односно нивното внесување преку исхраната, многу повеќе одошто земањето суплементи. Сепак, не можеме секогаш сите витамини и минерали да ги внесеме преку храната.

Ова се најважните витамини кои нутриционистите ги препорачуваат за жените.

Железо – железото придонесува за пренесување на кислородот низ телото и помага во создавањето црвени крвни зрнца, дава поддршка на имунолошкиот систем, когнитивниот развој и регулација на телесната температура. Редовното земање на овој минерал придонесува за спречување на анемијата, а и симптомите кои таа ги носи, како што се постојаниот умор и нарушениот имунитет. 

Железото може да се најде во црвеното месо, гравот и леќата, некои видови риба и целозрнестите производи. Конзумирајте ја оваа храна со витамин Ц кое ја олеснува апсорпцијата на железото во телото.

Калциум – тој е важен за одржување на здравјето на коските и забите, но и правилна функција на мускулите. Калциумот е еден од најважните состојки бидејќи жените се соочуваат со проблеми со коските уште од нивната 20-та година. 

Калциумот може да се најде во млекото и млечните производи, зелениот зеленчук како брокулата и кељот.

Магнезиум – магнезиумот е важен за здрави мускули и нервен систем, го одржува нормалниот ритам на срцето и придонесува за здрав имунолошки систем. Освен тоа, тој помага и за одржување на крвниот притисок, но и на регулирање на нивоата на шеќер во крвта. Тој е потребен за повеќе од 300 биохемиски реакции во телото. 

Недостатокот од магнезиум може да придонесе кон повраќање, дијареа и мигрени. Може да се најде во некои видови зрнест зеленчук, јаткасти плодови и семиња, како и зелениот зеленчук.

Витамин А – овој витамин придонесува кон соодветен развој и функционирање на очите, имунолошкиот систем и други делови од телото. 

Може да се најде во портокалот и жолтите видови зеленчук, црниот дроб и некои видови риба и млечни производи.

Фолна киселина – оваа киселина придонесува кон создавање нови клетки, вклучувајќи црвени крвни зрнца и е важна за правилна функција на мозокот. Таа е б витамин и е важна за превенција на анемијата кај жените, а нејзиниот недостаток во нашето тело придонесува кон зголемување на ризикот од некои видови рак како што е ракот на белите дробови. 

Може да се најде во авокадото, гравот, јајцата и кикириките.

Б6 и Б12 – тие му помагаат на телото да ја конвертира храната во енергија и придонесуваат за здрава кожа, коса и очи, а истовремено придонесуваат и кон здраво функционирање на нервниот систем.

Недостатокот на овие витамини може да предизвика многу сериозни проблеми за женското здравје, почнувајќи од анемија, губење апетит, болка во стомакот, депресија и кочење на рацете.

Витамин Ц – овој витамин е еден од најважните бидејќи придонесува за регенерација и заздравување на клетките, коските и забите. Тој делува како антиоксидант кој го спречува оштетувањето предизвикано од слободните радикали. Неговата моќ е огромна за заштита на имунолошкиот систем, здравјето на кожата, намалување на модринките и брзо заздравување на раните.