Најдобрите антистрес методи – како да се ослободите од стресот?

Сите се сретнуваме со стрес секој ден. Практично стресот е неизбежен дел на животот. Го преживуваме често, во различни облици и со различен интензитет, додека сме на работа, во домот или со пријателите. Секој стрес не е негативен, во мали дози може да донесе и некоја корист, но во поголеми количества може да предизвика и сериозни здравствени проблеми.

Психолозите предлагаат неколку едноставни техники кои ќе успеат да Ве смират во секоја ситуација

Дишете длабоко –се чувствувате како некој да Ви го стега вратот и само што ќе заплачете? Следете ги вдишувањата и издишувањата!ога сте нервозни и растревожени, ритамот на дишењето се менува, односно побрз е од вообичаениот. Но доколку свесно го ускладете дишењето, автоматски ќе се смирите. Дали некогаш сте виделе во сериите или филмовите жените да дишат во хартиена кеса? Тоа е многу ефикасен антистрес метод. Едноставно, бројте во себе, како на часот по физичко: еден – два – вдишување, три – четири – издишување.

Пејте или викајте – Дека е штетно да не се искажуваат емоциите, тоа сите го знаат , и затоа ако во близина нема никој, слободно викајте и на тој начин ќе ја исфрлите од себе лутината, бесот и незадоволство. Можете нешто и да отпеете, најважно е дека е гласно и од душа.

Масирајте ги рацете – прво протресете ги, а потоа тријте ги дланките за да се згреат. Потоа повлечете го секој прст по ред ( но не многу силно ). Притиснете ги врвовите на секој прст со палецот и со показалецот од другата рака. Тоа треба да го направите силно и брзо. Ќе почуствувате како прстите се загреваат.

Затворете ги очите – понекогаш, едноставно, треба да земете tajm –aut. Но како тоа да го изведеме во некои невозможни ситуации? На пример, Вие стоите во ред во пошта или банка и почнува расправа во која учествуваат гласни луѓе. Не можете да излезете од редот ( сметките мора да бидат платени ), а не можете да го издржите сето тоа. Обидете се свесно да се преселите на некое место кое го сакате: тоа може да биде топлото море, снежната падина или пак креветот во Вашиот стан. На овој начин се дистанцирате од надворешниот свет и си давате можност да се смирите. Отворете ги очите после неколку секунди, и ќе се чувствувате многу подобро.

Погалете ја косата – најверојатно во детството сакавте кога Вашата мајка Ве галеше по косата. Таа едноставна активност има волшебен ефект: Лесното галење на косата ќе Ве опушти, смири, дава чувство на сигурност и заштита. Отворете ја дланката и милувајте ја косата од врвот на главата па надолу но полека, со мирни движења чешлајте ја косата со чешел или со четка. Масирањето на главата не само што смирува туку ја намалува главоболката, заморот, подобрува и го зацврстува коренот на косата.